Невреме со грмотевици и обилни дождови во петокот попладне поплавија делови од островот Крк. И покрај тоа што се појави сонцето, луѓето на Крк сѐ уште се во шок од последиците на невремето.
За кратко време падна големо количество дожд. Бевме поплавени, штетата ќе ја утврдиме дури кога ќе се ослободиме од водата. Тоа е природа и не можеш да се бориш со неа, коментираат жителите на островот.
Поради невремето на терен излегле и пожарникарите.
Речиси 300 мм дожд наврна на Крк во последните 24 часа, а најлошо е на Пониква каде се забележани 274 мм. Во градот Крк паднале 193 мм, додека во Брзац се измерени 109 мм.
Невремето остави трага и во другите делови на Хрватска. Под вода е и Умаг, каде во последните 24 часа наврнале 48,8 мм дожд.
Државниот хидрометеоролошки завод поради невремето ги вклучи алармите за временска прогноза низ државата. Сè е жолто, освен регионите Риека и Госпиќ, каде што е на сила портокаловиот аларм кој предупредува на пороен дожд и грмежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.