Игор Терзиќ, кого Специјалното државно обвинителство го обвинува дека учествувал во планирањето на убиството на наводниот водач на кланот Скалјар, Јован Вукотиќ, бил уапсен веднаш откако го напуштил влезот на затворот.
Според весникот „Побједа“, Терзиќ многу кратко бил слободен.
– Излезе од затвор, каде што беше за друго кривично дело, но го чекаа полицајци со фантомски пиштоли и долги цевки, му врачија решение за лишување од слобода и го вратија во затвор. Терзиќ во безбедносните служби е етикетиран како член на „Кавачкиот клан“
Еден од клучните докази на црногорското обвинителство во постапката против Радој Звицер, кој е во бегство и по кого е распишана потерница, е пресретнатата комуникација преку „Скај“ во која тој наводно дава инструкции и нервозно ги критикува членовите на кланот ангажиран во ликвидацијата на Јован Вукотиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.