Стојко Стојков од ОМО Илинден Пирин за Алфа вели дека нереално е во Бугарија да живеат само 1.143 Македонци колку што покажа последниот попис.

Немаа слобода да се изјаснуваат, немаше табела за македонска националност, а информациите говорат дека попишувачите одбивале или тврделе дека нема како да ги попишат тие што се чуствуваат Македонци, коментира Стојков.

Но, вели дека властите не успеаја во своите намери да покажат дека Македонци не живеат во Бугарија. Тој е категоричен дека оваа бројка од 1.143 Македонци се само оние кои се попишале онлајн. Вели дека кога би можеле без страв да кажат дека се Македонци, бројката на македонското малцинство ќе биде поголема.

Освен Бугари, кои доминираат со скоро 85 проценти, како припадници на други етнички заедници се прикажани Турците и Ромите, а сите други, за кои не се соопштени податоци за припадноста, се прикажани во група „други“ кои сочинуваат 1,3 отсто од населението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.