Вишиот суд во Смедерево го потврди обвинението против Урош Блажиќ (21), кој е обвинет за масакрот извршен на 4 мај минатата година кога во селата Дубона и Мало Орашје кај Младеновац и Смедерево, Србија, кога уби девет свои врсници и тешко повреди 12.

Обвинението е потврдено против осомничениот Урош Блажиќ и неговиот татко Радиша Блажиќ, кој е обвинет дека му го обезбедил оружјето што го употребил во масакрот на кобната вечер. Вишиот суд во Смедерево се изјасни за ненадлежен за обвинетите Горан Гавриловиќ и Борис Гавриловиќ од Вињиште, односно вујко и брат на обвинетите за масакрот, со оглед дека за нив е надлежен Вишиот суд во Крагуевац, па ќе ги достави списите на предметот, вели извор за српски „Курир“.

Вишото јавно обвинителство Смедерево на 18 октомври минатата година поднесе обвинителен акт, кој понатаму беше проследен на одлучување до Вишиот суд во Смедерево.

Урош Б. се товари за сторено кривично дело тешко убиство и недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи, како и киднапирање и неовластено користење туѓо возило. Врз основа на прибраните докази во истрагата, постои основано сомнение дека Урош Б. на 04.05.2023 година околу 22.20 часот управувајќи патничко возило „мерцедес“ во кое носел автоматска пушка произведена од Застава, модел 70 АБ2, со механички отстранет фабрички број, пиштол „Токарев“ ТТ-33, со неколку рамки муниција за автоматска пушка и пиштол, една рачна бомба М 52, една рачна бомба М 75 и една кумулативна рачна бомба М79, дошол до спомен-обележјето „Паднати борци“ во село Мало Орашје, каде забележал група млади кои се дружеа и слушаа музика, се вели во соопштението од обвинителството.

Во продолжение на обвинението детално се објаснува како осомничениот Урош Блажиќ таму најпрвин убил пет млади момчиња и неколкумина од нив ранил, а потоа отишол во соседното село и убил тројца, а останатите врсници ги ранил. Млад човек од Мало Орашје по 50 дена починал од повредите.

Обвинетиот Урош Блажиќ по крвавата гозба, како што стои во обвинението, бега со автомобил, а потоа пристигнува на наплатната рампа Мали Пожаревац, каде што влегува во такси возилото во кое била сопатничка и поминува одредено време со нив, при што, меѓу другото, им се заканува и им покажува оружје што го има кај себе. Таксистот потоа го вози до селото Вињише кај Крагуевац, од каде обвинетиот пеш оди до куќата на неговиот вујко, каде се крие до утрото кога полицијата го апси.

Обвинетиот Урош Б. во моментот на делото немал 21 година, поради што според одредбите од Кривичниот законик не е можно да му се изрече доживотен затвор, туку како максимална казна може да се бара само затвор од 20 години.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.