Доколку малолетниот К.К. осомничен дека убил девет лица во пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“, нема навршено 14 години, тој не може да биде кривично гонет, тврди адвокатот Предраг Савиќ.

Како што прецизира Савиќ во изјавата за Танјуг, доколку осомничениот има наполнето 14 години, се третира како помлад малолетник и нему, како најтешка казна, може да му се изрече посебна мерка, а ако се утврди дека има психичко пореметување, може да му се изрече мерка лекување во посебна установа.

Законот за малолетници, исто така предвидува на постар малолетник да му се изрече најстрога казна од пет години.

Савиќ нагласува дека во Србија старосната граница за кривична одговорнот е 14 години, додека во некои држави таа граница е 12 или 10 години, како во Англија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.