Таткото на покојниот Видоје Ристовиќ, Виктор Ристовиќ попознат како Миша Гроф, за „Нова.рс“ раскажа како починал неговиот син, по пишувањата на српските медиуми дека историчарот и сопруг на Николина Пишек починал по интимни односи со љубовницата.
Неизмерна ни е тагата за синот, скршени ни се срцата! Не доликува ни за другите, а камоли за мене да се занимаваме со такви срамни теми во момент кога нè напушти едно младо и прекрасно суштество. Мојот син не почина за време на односи. Денеска ги добив резултатите од обдукцијата. Смртта настапила поради респираторна инсуфициенција, што предизвикало слабеење на работата на срцевиот мускул, изјави Виктор Ристовиќ за српските медиуми.
Тој ги замоли новинарите:
Ве молам, не го сквернавете споменот на мојот син, татко на две прекрасни ќерки, имајте душа и нека почива во мир!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.