НАТО денеска соопшти дека распоредува дополнителни сили на Косово по судирите на северот на земјата, откако вчера беа повредени 30 војници од мировните сили предводени од Алијансата.

Распоредувањето на дополнителни сили на НАТО на Косово е внимателна мерка за да се осигура дека КФОР ги има потребните капацитети за одржување на безбедноста во согласност со нашиот мандат на Советот за безбедност на ОН, нагласи адмирал Стјуарт Б. Мунш.

Дополнителен мултинационален баталјон резервни сили доби наредба да го намали статусот на подготвеност за распоредување од четиринаесет дена на седум дена, со цел да биде подготвен да го засили КФОР доколку е потребно.

Сакам да го пофалам КФОР што презема брза, воздржана и професионална акција да се интервенира за да се запрат немирите и да се спасат животи. Насилството мора да престане и сите страни мора да престанат да преземаат дејствија за поткопување на мирот во која било и во сите заедници на Косово, наведе адмирал Мунш.

Тој додаде дека командата од Неапол внимателно ја следи ситуацијата во Косово и ќе продолжи да се координира со КФОР, за да се осигура дека ги имаат сите способности и сили што им се потребни за непристрасно да обезбедат безбедна и сигурна средина и слобода на движење за сите заедници.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.