НАТО денеска потсети на пораката на командантот на КФОР, генерал Анџело Микел Ристуче дека „силите на КФОР внимателно ја следат ситуацијата на теренот на Косово и се целосно подготвени да интервенираат доколку стабилноста, безбедноста и слободата на движење бидат загрозени.

КФОР тоа ќе го стори во согласност со мандатот на ОН, истакна прес-службата на НАТО, на барање на агенцијата Бета за коментар за влошувањето на ситуацијата во и околу Косово, бидејќи српската армија од вчера ја зголеми својата борбена готовност и затоа што е уништено едно од беспилотните летала што биле испратени од Косово во зоната каде што се распоредени српските воени сили.

Командантот на КФОР, како што се наведува во одговорот на НАТО, укажал на „важноста на предизвиците со кои се соочува КФОР“ и подвлече дека „дезинформациите, едностраните потези и обвинувањата претставуваат опасност за стабилноста на Косово и во регионот“.

„Генералот Ристуче презентираше дека КФОР е целосно фокусиран на секојдневното спроведување на својот мандат, врз основа на резолуциите 1244 и 1999 година на Советот за безбедност на ОН, со цел да се гарантира заштитата и безбедноста на слободата на движење за сите заедници кои живеат во Косово“, се нагласува во одговорот на НАТО



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.