Министрите за надворешни работи на Бугарија и на Република Македонија, Николај Милков и Бујар Османи, го посетија претепаниот секретар на бугарскиот културен клуб во Охрид, Христијан Пендиков во Вoената медицинска академија.
Ние кажуваме НЕ за заживување на овие црни традиции кои историски се поврзуваат со Македонија – на палење, пукање, насилство врз луѓе. Вакви работи немаат место во Европа. Бугарија нема да отстапи од заштитата на правата на нашата заедница, кои се луѓе со достоинство. Има ескалација, Христијан е и во моментов продолжува да добива закани на интернет, што се грди зборови – изјави шефот на бугарската дипломатија.
Според него, лекарите треба да дадат информации за состојбата на Христијан Пендиков.
Христијан Пендиков настрада поради своите идеи. Човек со кауза кој ја брани. Ситуацијата не смее да продолжи на овој начин. Бугарија цврсто инсистира сторителите на ова и на други слични дела да бидат казнети со строгост на законот со цел да се стави крај на атмосферата на неказнивост, која раѓа ново и ново насилство – додаде Николај Милков.
Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи остро го осуди нападот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.