Новинарката Ксенија Вучиќ ќе биде погребана денеска во 14 часот на Новите гробишта.

Нејзините деца Данило и Милица во некролози се простија од мајката.

Наша кралице, ти благодарам за правиот пат што ни го покажа, како и за сета љубов што ни ја подари. Нека те чуваат ангелите. Најмногу те сакаат твоите Данило и Милица – стои во некрологот.

И Претседателот Вучиќ се прости и од поранешната сопруга.

– Драга Ксенија, последен поздрав – стои во некрологот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.