Претседателот на Србија Александар Вучиќ најави дека на почетокот на следната година претседателот на Франција Емануел Макрон ќе дојде во Белград.Оваа вест Вучиќ ја објави за време на мировната конференција во Париз. Вучиќ и Макрон имаа и билатерална средба на која биле потврдени добрите односи меѓу двете земји.
Макрон беше најавуван од страна на властите во Скопје, посебно од претседателот Пендаровски но и од Владата дека ќе дојде во Македонија за да ги поттурне уставните измени. Но, од уставни измени нема ништо па затоа веќе никој не говори за доаѓање на францускиот претседател.
Макрон за време на референдумот за промена на името испрати видео порака до тогашните пратеници дека мораат да ги поддржат уставните измени и оти тоа е клучен чекор кон почетокот на преговорите со ЕУ.
Тоа секако не се случи а згора на тоа од Франција го добивме т.н француски предлог“ со кој целосно се стави на страната на Бугарија и на некој начин дозволи Македонија да добие вето за отварање на преговорите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.