Згрозена сум со што се занимаваат некои луѓе. Не знам како сериозни мрежи како Инстаграм може тоа да го дозволат, некој да направи профил на твое име, изјавила најмладата парламентарна пратеничка во Хрватска, Марина Опачак-Билиќ, која дознала дека некој и направил профили на Инстаграм и на порнографска страница.
Најмладата парламентарка доаѓа од Славонски Брод, а случајот допонително ја вознемирил затоа што таа е мајка на три малолетни деца.
„Одам во полиција да пријавам“, изјавила таа за „24Сата.хр“.
Како што вели, потребна е поголема контрола на профилите на социјалните мрежи.
Како толку моќни социјални мрежи кои имаат милиони и милијарди не вложиле во тоа да се прегледаат профилите кои се отвораат“, револтирано прашува Опачак-Билиќ.
Таа нагласила дека треба во посилна мера да се застане на крај со измамите на интернет. Тука, како што објаснува, станува збор за злоупотреба на фотографии и имиња, но станува збор и за измама на корисниците на социјалните мрежи.
Повикувам да бидеме внимателни при користењето на истите и родителите посебно да внимаваат на содржините кои децата ги прегледуваат. Децата не се свесни колку опасности има и дека може некој лажно да им се претставува. Мораме да ги предупредуваме да не комуницираат со лица кои не ги познаваат“, апелира Опачак-Билиќ.
Таа додава дека на децата треба да им се нагласи дека корисниците на социјалните мрежи може да бидат лица кои имаат лоши намери и да не објавува лични податоци кои лесно може да се злоупотребат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.