Најмалку три лица загинаа, а повеќе се повредени во тешката автобуска несреќа што се случила утрово неколку минути по 5 часот на помурската магистрала кај клучката Липовци кон Марибор во Словенија, јавува „24ур“.

Како што соопшти полициската управа од Мурска Собота, во несреќата учествувал автобус со романски регистарски таблички.

Увидот на местото на несреќата е во тек, а повеќе информации ќе има по завршувањето. Се уште не е позната причината за несреќата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.