Четири лица загинале во невремето проследено со поројни дождови во турската престолнина Анкара, соопшти турското претседателство за управување со катастрофи и несреќи (АФАД)
Спасувачките операции продолжуваат од почетокот на невремето, кое почна пред два дена.
Како резултат на дводневната операција за пребарување, во која учествуваа приближно 350 вработени, беше пронајдено безживотното тело на граѓанин зафатен во поплавите во областа Алтандаг во Анкара – се вели во соопштението, во кое се изразува сочувство до роднините на загинатите.
Во различни делови на Анкара автомобилите останале заглавени на улица поради поројниот дожд, а поплавени се и домови и работни места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.