Една жена која објавува на TikTok под името @bellatirico им се пожали на своите следбеници на грубоста на персоналот во популарниот клуб на плажа на грчкиот остров Миконос.

– Нормално никогаш не објавувам вакви работи, но премногу сум вознемирена и морам да го споделам искуството што го имав на Миконос – напиша таа во долга објава под видеото на кое се гледа како маж на влезот од клубот на плажа мавта со раката објаснувајќи се со гостинките.

24sata

– За време на нашиот одмор, со тетка ми решивме да го посетиме Скорпиос, клуб на плажа за кој многу слушавме. Не ни сонував дека оваа посета може да прерасне во инцидент кој не остави без зборови и длабоко повредени – продолжи жената објаснувајќи дека нејзината тетка е многу убава жена, но вратарот на влезот во клубот и рекол дека не може да и дозволи влез во клубот.

– Причината? Тие рекоа дека е „премногу дебела за да ја пушти да влезе“. Таквото однесување навредува и во исто време е неприфатливо. Никогаш не треба никого да судиме по изгледот. Не го споделувам ова искуство за да го срамам персоналот, туку за да ја подигнам свеста за важноста на љубезноста и вклученоста. Секој е убав и вреден и заслужува почит. Запомнете, само убавината што ја носиме во себе е вредна. Шириме љубов, добрина и разбирање, не само на Миконос туку и насекаде – напишала револтираната внука покажувајќи како вратарот тогаш им дозволил влез на девојките кои немале ни резервација без дополнителни прашања. На крајот покажала фотографија од нејзината тетка, а потоа и видео од маж кој и се внесол во лице додека снимала со мобилен телефон.

@bellatirico Sorry, I never post anything like this but I’m sooo upset and needed to share an experience from Mykonos. During our vacation, my aunt and I were excited to visit Scorpios, a beach club that we had heard so much about. Little did we know that this visit would be tainted by an incident that left us speechless and deeply hurt. As we approached the entrance, my aunt, who is beautiful, was denied entry by the staff at Scorpios. The reason? They said she was “too fat” to be allowed inside. This kind is not only hurtful but unacceptable. No one should ever be judged based on their appearance. I’m sharing this experience not to shame the establishment, but to raise awareness about the importance of kindness and inclusion. Everyone is beautiful, worthy, and deserving of respect. Remember, it’s the beauty within us that truly matters. Let’s spread love, kindness, and understanding, not just in Mykonos but everywhere we go. #mykonos #scorpios #scorpiosmykonos #bodypositivity ♬ original sound – bella tirico

Таа додаде дека им било кажано дека таму е забрането снимање.

Следбениците беа подеднакво запреастени и оставија повеќе од 11.000 коментари на видеото. Тие и препорачаа да остави негативни критики на Google review или Trip Advisor.

24sata

– Воопшто не е дебела, убава е – пишува придружничката.

– Кога бев во Миконос, келнерот ме праша дали сум Американка бидејќи имам многу големи стапала. Носам број 40 – друга жена го сподели своето негативно искуство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.