Директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани изјави дека од 10 мај, кога Министерството за внатрешни работи на Косово одобри замена на возачките дозволи издадени од српските институции со возачки дозволи издадени од Косово, пристигнати се 128 барања.

Елшани за Косово онлајн вели дека МВР одговорило на барањата на граѓаните за замена на возачките дозволи и донело одлука барањата да се поднесуваат во следните три месеци, односно до 9 август.

Тој додаде дека ќе има поинаков процес за замена на личните карти и дека најверојатно ќе започне овој месец, пренесе Бета.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.