Русија од утре ја запира испораката на гас за Бугарија. Тоа ќе значи дека и за Македонија ќе нема снабдување со гас, бидејќи истиот доаѓаше преку Бугарија.

Како што пишуваат бугарските медиуми, Гаспром ја прекинува испораката на гас и за Бугарија.

Денеска Бугарија добила известување дека испораките на природен гас од Гаспром експорт ќе бидат прекинати од утре, 27 април 2022 година.

-Бугарската страна целосно ги исполни своите обврски и навремено, строго и во согласност со неговите клаузули ги изврши сите плаќања што се бараат според овој договор, се вели во соопштението кое го пренесуваат медиумите.

Според портпаролката на кабинетот Лена Бориславова, премиерот и вицепремиерот се свесни за ситуацијата и велат дека нема причина за паника или грижа.

Ова е голем проблем и за Македонија бидејќи ние како држава добиваме гас токму преку Бугарија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.