Австралиската компанија Стрикленд Металс, кој во април обелодени дека го купува проектот на злато Рогозна во Србија за 37 милиони долари, објави дека на почетокот на јули ја завршиле аквизицијата на ова наоѓалиште кое крие 170 тони златен еквивалент, а веќе кон крајот на месецот наидоа на златна жица.

Оваа компанија пред неколку дена објави ветувачки прелиминарни резултати од истражување кое укажува на значајна геолошка аномалија во местото Обрадов Поток.

Идентификуваната аномалија која почнува отприлика 100 метри под површината и се протега на 400 метри во должина, би можела да сигнализира присуство на екстензивна минерализација, која се поклопува со геохемиските знаци на злато и други минерали во примероците на земјиштето, пренесуваат австралиските медиуми.

Со четири бушечки платформи кои активно работат на локација и почетните анализи кои се очекуваат наскоро, компанијата предвидува потенцијално откритие на ново лежиште, наведува Бризбејн тајмс.

Целното подрачје Обрадов Поток се наоѓа на два километри западно од Градина кај Нови Пазар, познато лежиште со слични геофизички аномалии.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.