Кремљ соопшти дека внимателно ја следи „тензичната и политички опасна“ ситуација на Косово, каде етнички Срби поставија барикади што предизвика оружен судир со косовската полиција и најмалку четири убиени лица. Русија не ја признава еднострано прогласената независност на Косово и го поддржува територијалниот интегритет на Србија.
На Косово гледаме многу напната и потенцијално опасна ситуација и внимателно ја следиме, кажа портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
Група локални Срби поставиле во неделата наутро барикада на пат во близина на селото Бањска и потоа застрелале косовски полицаец од групата која дошла да ги спречи. Во продолжението на инцидентот се убиени тројца Срби.
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера за насилството ги обвини косовскиот премиер Албин Курти и мисијата на НАТО Кфор.
Барикадите требало да ги отстрани КФОР бидејќи тие се задолжени за слободата на движењето, а не косовската полиција, и затоа дошло до судирот – кажа Вучиќ.
Тој ја отфрли одговорноста на официјален Белград за самоорганизирањето на Србите, истакнувајќи дека „народот се побунил бидејќи повеќе не сака да го трпи теророт на Курти“. Ја обвини меѓународната заедница дека на Курти му дала одврзани раце и ја овозможила акцијата на косовската полиција.
Приштина собрала 460 специјалци и распоредени се на теренот за час и дваесет минути, што само значи дека сè било однапред подготвено“, оцени српскиот претседател. Наведувајќи дека „десетици Србин за околу еден час биле целосно опкружени“, додаде дека потоа „се случил брутален напад на нив“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.