На денешен ден 1941 година фашистичка Германија го бомбардираше Белград. Десет дена претходно, Кралството Југославија се приклучи на Пактот со силите на оската. Потоа следеа протести во земјата и државен удар со кој беше сменет принцот Павле.
Земјата се приближи до западните сојузници, токму кога Хитлер требаше да ја започне операцијата Барбароса против Советскиот Сојуз.
На 27 март Хитлер лично донел одлука да го бомбардира Белград и да ја окупира Југославија а нападот е извршен на 6 април.
Неколку недели подоцна Бугарија со дозвола на Хитлер влегува и ја окупира Македонија, т.е она што денешните власти го нарекуваат администрација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.