Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Монако изјави дека „ќе го осуди признавањето на независноста на сепаратистичките региони во источна Украина кога претседателот на таа земја, Володимир Зеленски, на телевизија ја осуди агресијата на НАТО врз Србија во 1999 година.

Тој ова го изјави како одговор на изјавата на амбасадорот на Украина во Србија, Олександар Александрович, „дека Украина и украинскиот народ очекуваат Србија да го осуди вчерашниот потег на Русија да ја признае независноста на Донбас“.

Ние сме мала земја и не сакаме да се лишиме од можноста да продолжиме со пријателствата со некои, а на ниту еден начин не одлучуваме за судбината на Украина. Но, ако тоа е веќе така, го повикувам г-дин Александрович да го повика претседателот на неговата земја, г. Зеленски, и да го замоли вечерва на телевизија да ја осуди ужасната и трагична агресија врз Србија од страна на САД, Британија, Германија и други земји Штом го направи тоа, со задоволство ќе го прифатам повикот и ќе одговорам на неговите барања, изјави Вучиќ за ТВ Пинк од Монако.

Вучиќ повтори дека политиката на Србија е воена неутралност, но дека српската политика не е неутрална и дека нема да се откаже од традиционалните пријателства.

Србија секогаш го поддржуваше интегритетот на Украина и немаше никакви промени, додаде тој.

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот ја призна независноста на Доњецк и Луганск и потпиша со нив „договори за пријателство и взаемна помош“, а потоа и нареди на руската армија да го „чува мирот“ на тие територии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.