Не се знае како автомобил марка „хјундаи“ заврши на трамвајските шини на мостот на Ада во Белград, Србија, каде е снимена оваа несекојдневна случка. Видеото прикажува како автомобилот се движи по шината, на која е (речиси) невозможно да се стигне со обично возило.
За среќа, избегнат е директен судир со трамвајот, кој во следните минути доаѓа зад автомобилот, но несовесниот возач успеа да го блокира патничкиот сообраќај.
Na Balkanu nikada dosadno. pic.twitter.com/ERENdmXXKt
— David (@DavidMoraca) October 27, 2023
Претходно беа снимени неколку автомобили кои возеа во спротивен правец по српските автопати, а еден од возачите и загина по директен судир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.