Судењето на поранешните лидерина ОВК на Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими, обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото, пред Специјалниот суд во Хаг ќе продолжи на 4 ноември.
Сведокот Ибиши во своето сведочење рече дека членовите на ОВК беа против заштитата на српските цивили и дека го прогласија за соработник на Србија.
Тој изјави дека ОВК им се заканувала кога тој одбил да им даде 30.000 марки кои биле собрани за да купат храна и облека за селото, пренесува Коха.
Судењето на четворица воени лидери на ОВК започна во Хаг на 3 април минатата година, ветувајќи правда за жртвите и нивните семејства. Обвинетите, меѓу кои и тогаш водечките членови на Главниот штаб на ОВК, Хашим Тачи, Кадри Весељи, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи, се соочуваат со обвинувања за злосторства врз Албанците, Србите и Ромите во повеќе од 40 притвори на ОВК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.