Бугарскиот претседател Румен Радев на денешната средба со претставници на бугарските организации и здруженија од Македонија побара јасни и категорични гаранции од страна на властите во Скопје за почитување на правата на Бугарите во РСМ, јави Гласове.бг.
Претседателот побара впишување на Бугарите во Уставот на РСМ пред почетокот на преговорите за пристапување на државата кон ЕУ, како и почитување на бугарското културно-историско наследство.
-Високо го почитуваме вашето мислење како с.Македонија побрзо да стигне до членството во ЕУ. Дојде до важни промени од последната наша средба-нашите држави имаат нови влади. Покрај сите чекори за соработка во областа на економијата, туризмот итн. треба да има јасен календарски распоред за решавање на отворените политички проблеми. Бугарија е државата која најмногу сака ваше брзо пристапување во семејството на Европската унија. Сметам, впишувањето на македонските Бугари во Уставот на РСМ да биде задолжителен услов за за давање согласност од страна на Бугарија за почеток на преговорите. Сметам дека сте рамноправни граѓани на РСМ, а не да бидете невидливи, какви што сте сега. Треба да се искорени говорот на омраза. Тоа не е мешање на Бугарија во внатрешните работи на Македонија. Тоа е израз на загруженост за РСМ и за нејзиниот пат кон членството во ЕУ, изјави претседателот Радев.
Од своја страна, лидерот на ГДУ, Петар Колев изјави дека зборовите на претседателот и неговите активности покажуваат дека во Бугарија има современи и модерни политичари, кои ги разбираат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.