Мехемед Вукалиќ, чуварот на училиштето во Сански Мост, со автоматска пушка ги застрелал директорот Нијаз Халиловиќ, професорката по англиски јазик Гордана Ниџан и секретарката на училиштето Нисвета Кљуниќ.
На крајот и тој се застрелал и со тешки физички повреди бил пренесен во болницата во Бања Лука.
Како што пишуваат медиумите во БиХ, мотивот за тројното убиство е тоа што на Вукалиќ претходно му се водела дисциплинска постапка, а убиените наводно биле во комисијата која одлучувала за дисциплински мерки.
Неколку медиуми објавија фотографии од Вукалиќ, а од болницата велат дека е донесен со прострелна рана во градниот кош.
Тој е донесен во Ургентниот центар на РСЦ на Република Српска со прострелна рана во градниот кош. Пациентот е свесен и во моментов се водат дијагностички процедури и се планира операција, информираат Независне новине.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.