Осумнаесетгодишниот А.Ч. застрелан е во предел на градниот кош од воздушна пушка, а лицето кое пукало во него е уапсено, потврдено е на српски Курир во Полициската управа во Лесковац.

Момчето, поради обилното крварење и поради тоа што капислата се зарила во градниот предел покрај градната коска, веднаш е хоспитализиран и итно опериран во клиничкиот центар Ниш, кажано е во лесковачката болница.

Момчето е добро и е вон животна опасност- изјавил директорот Небојша Димитријевиќ.

Инцидентот, како што тврдат во полицја, се случил околу 22 часот во семејната куќа на момчето, а установено е дека се работи за случаен инцидент.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.