Законот што ќе го донесеме е еднаквост во бракот, односно, елиминирање на секаква дискриминација врз основа на сексуална ориентација во однос на стапувањето во брачна заедница, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за државната телевизија ЕРТ, со што, како што и беше најавено, јавно ја отвори дискусијата за истополовите бракови, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис објасни дека законот ќе се однесува на граѓански брак, а не на верски, но и посочи дека нема да биде дозволено сурогат мајчинството.
-Она што воопшто нема да го допреме е статусот на асистирана репродукција. Овој концепт, односно жените по потреба да се претвораат во машини за правење бебиња, како што рече лидерот на опозицијата, „Сакам момче и не ми е гајле кој ќе го роди“, тоа нема да се случи, рече Мицотакис.
Сепак истакна дека децата кои живеат и растат во истополова заедница, потребно е да имаат еднакви права, во случај еден од родителите да почине, за детето да не мора да биде згрижено во дом или институција.
Посочи дека тој лично сака дискусијата за конкретното прашање да созрее во општеството, па потоа законот да го донесе на седница на Влада.
Со оглед на тоа дека постојат пратеници од Нова демократија кои се против законот, Мицотакис објасни дека нема да им наметне „партиска дисциплина“ и секој ќе гласа слободно
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.