Премиерот на Грција Киријакос Мицотакис и претседателот на Бугарија, Румен Радев, на средбата на маргините на 28. Конференција на ОН за климатски промени во Дубаи, разговарале за билатералните односи и стратешката соработка на двете земји, особено во областа на енергетиката, јави дописничката на МИА од Атина.
Од кабинетот на Мицотакис информираат дека дополнително, двајцата лидери разговарале и за прашања од меѓународен интерес, со акцент на последните случувања во Украина и Газа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.