Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ го коментираше одбивањето на парламентот да ја потврди владината одлука за обука на украинските војници во Хрватска и јасно кажа дека конфликтот во Украина е „руско-американска војна“. Тој му порача на премиерот Андреј Пленковиќ дека, доколку тој има морал, треба да оди во Украина да се бори.

Украински војници нема да се обучуваат во Хрватска, парламентот не го прифати предлогот

На прославата на 31-годишнината од Хрватската воена академија, Милановиќ рече дека владата на Пленковиќ, продолжува да го урива Уставот на Хрватска.

Тој повтори дека министерот за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман во Брисел ја прифатил обврската „од сржта на националната безбедност и одбрана без согласност на претседателот на Хрватска, што е спротивно на Уставот“.

За Пленковиќ изјави дека, како што наведе, „со манир на социопат со морална уцена“ го турнал парламентот да одлучува за хрватската воена помош за Украина.

По претходната изјава на Пленковиќ дека тој е победник, Милановиќ праша „дали сме во обложувалница“.

Некои тоа го прават за својот грб – изјави хрватскиот претседател за иницијативата на Пленковиќ да гласа за воена помош за Украина.

Тој го нарече премиерот неморален и му рече да оди во Украина да се бори.

Кој не прати нас, брат? Те гледаме и ние тебе, твојот идеолошки пат. Постојано ни вршите морални уцени. А ти самиот немаш морал, целосно си аморален. Одете во Украина и борете се – му порача Милановиќ на Пленковиќ.

Тој праша и со какво оружје располага Хрватска.

Колку противтенковски ракети има Хрватска? Колку има? Ајде Бане, пред да те уапсат, рече Милановиќ, довикувајќи го министерот за одбрана Марио Баножиќ.

Тој порача дека нема да ги напаѓа и критикува оние кои гласале за владиниот предлог за обука на украинските војници во Хрватска, но, како што рече, ќе ги повика да размислат што направиле.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.