Билатералните односи, регионалните прашања, Косово, како и енергетската криза, меѓу другото, биле темите за кои разговарале грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и српскиот претседател Александар Вучиќ на нивната средба во Атина.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, грчкиот премиер, на српскиот претседател му приредил вечера и пречек во премиерската палата, а двајцата, преку социјалните мрежи информираа за темите за кои разговарале.
Со пријателот Вучиќ во Атина, имавме можност детално да разговараме за билатерални односи, регионалните случувања и како можеме поблиску да соработуваме во овие тешки услови за сите поради војната во Украина и енергетската криза, напиша Мицотакис на Твитер.
Српскиот претседател на Инстаграм напиша дека со грчкиот премиер разговарале за Косово и Метохија, за сите теми што се важни не само за Србија, туку и за целиот регион, како и за енергетската ситуација и меѓусебната поддршка. Вучиќ му се заблагодари на Мицотакис за срдечниот пречек и за поддршката на Грција за патот на Србија кон Европската Унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.