За месец јануари ќе се издвојат дополнителни 400 милиони евра со кои ќе се покрие значителен дел од поскапувањата на сметките за струја, соопшти денеска грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, најавувајќи владина помош и за овој месец како за домаќинствата и земјоделците, така и за бизнисите во справувањето со енергетската криза, јави дописничката на МИА од Атина.

-Станува збор за храбар, но во исто време и реален план за поддршка, што помага на сегашноста, но не ја загрозува иднината. Акцентот, очигледно е на олеснувањето на домаќинствата. Но, исто така, им помагаме и на бизнисите да останат на вистинскиот пат на раст, задржувајќи ги работните места. И, главно, за да не се зголемат трошоците за производство и тоа да се префрли на цените на производите, истакна Мицотакис.

Дополнително, најави дека ќе се воведе и нова програма за заштеда на енергија, ќе се субвенционира замената на старите електрични уреди, кои потоа ќе се рециклираат и додаде дека целта е „сите грчки домови да функционираат со модерна и поекономична електрична опрема“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.