Ако претседателот Ердоган мисли дека нема да ги бранам суверенитетот и суверените права на Грција и нема да ја известам меѓународната јавност дека Турција се однесува како ревизионистичка сила, греши, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Давос, за време на дискусијата со претседателот на Светскиот економски форум Борге Бренде, јави дописничката на МИА од Атина.

Коментирајќи ја изјавата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган дека за него повеќе не постои Мицотакис, грчкиот премиер потсети дека по март 2020 година „кога Турција се обиде како оружје да ја искористи миграцијата и испрати десетици илјади очајни луѓе да ја поминат грчката граница“, а Грција ги бранеше границите, „претседателот Ердоган го велеше истото дека нема да зборува со мене“.

– Можеби повторно ќе се премисли. Но, на крајот на денот ние сме соседи, мораме секогаш да разговараме и мораме секогаш да ги одржуваме отворени каналите за комуникација. Ние никогаш нема да бидеме тие што нема да разговараме со соседите. Од друга страна, ако претседателот Ердоган мисли дека нема да ги бранам суверенитетот и суверените права на Грција и нема да ја известам меѓународната јавност дека Турција се однесува како ревизионистичка сила, греши, истакна Мицотакис.

Тој додаде дека мислел оти средбата со Ердоган пред два месеци во Истанбул била добра, но еден месец потоа имало голем број прелети на турски авиони над грчките острови и потенцираше дека однесувањето на Турција е целосно неприфатливо и конкретното прашање ќе го покренува секогаш кога ќе може, „сè додека Турција не го промени нејзиното однесување



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.