Во сараевската населба Вратник била видена мечка како трча низ улица. Жителите на оваа населба биле многу вознемирени.

Сараевските медиуми објавија дека на учениците им било забрането да излегуваат надвор од училиштата.

Претседателот на Ловечкото здружение Стари град, Муриз Буква, за телевизија „Н1“ изјавил дека мечката не е фатена.

Се работи на тоа. Се скри во шумата кај касарната на Змаевац. Сè е зараснато и тешко може да се лоцира, но сè е под контрола“, вели тој.

Се претпоставува дека мечката заталкала барајќи храна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.