Приштинскиот медиум Национале објави снимка на која наводно се гледаат општински службеници како се дрогираат на работно место. Меѓу нив е и Драгана Милетиќ, потпретседателка на општината, која набргу по оваа афера беше разрешена. На површина излегоа нови тврдења на Милетиќ за тоа дека била „принудена да се дрогира“, иако на почетокот тоа го демантираше.

Порталот Национале објави видео на кое, како што тврдат, може да се види како Милетиќ консумира наркотици во тоалет и во општина Лепосавиќ. На второто видео се гледаат повеќе службеници, а меѓу нив и припадник на полицијата. Драгана Милетиќ прво ги отфрли ваквите тврдења и за тоа ја обвини Српска листа.

Тоа е лага. Ова го измислуваат тие од Српска листа, за да ми го загрозат името и позицијата во општина Лепосавиќ. Од почетокот на мојот мандат се појавија разни приказни, само да ме уништат. Ми ја запалија и колата. Неверојатно е колкав притисок ми прават, но ќе се борам до краj, изјави Милетиќ за Национале.

Откако беше утврдено дека снимката е автентична, Милетиќ беше разрешена од претседателот на општина Лепосавиќ, Љуљзим Хетеми. По отказот, таа самата го контактирала порталот Национале за да даде изјава во која тврди дека била „присилена“ да консумира дрога и дека ѝ се заканувале дека ќе ѝ ја бомбардираат куќата. Таа во исто време оваа информација му ја дала на обвинителството, пишува Косово онлајн.

Порталот Национале објави и видео на кое се гледа како неколку мажи, меѓу кои и општински службеници и полицаец, наводно консумираат наркотици.


Набргу потоа, Полицискиот инспекторат на Косово (ПИК) соопшти дека препорачал суспензија на полицаец во Лепосавиќ поради сомневање дека конзумирал дрога, напиша Коссев.

Инспекторите на Полицискиот инспекторат на Косово покренаа истрага по објавувањето на нови снимки во медиумите, врз основа на кои се сомнева дека службеници од општина Лепосавиќ консумирале наркотици во објект на општината, се наведува во соопштението.

Тие прецизираат дека истрагата ја почнале поради сомнение дека на објавените видеа може да има и полициски службеник.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.