Косовската полиција уапси маж во Приштина под сомнение дека пукал со калашников во автомобил во кој се наоѓале три лица, јавува „Национале“.

Според полицијата, по пукањето, осомничениот го сокрил оружјето во корпа за отпадоци, кое полицијата го пронашла и го одзела.

Уапсен е осомничен маж поради сомнение дека фрлил огнено оружје АК-47 во корпа за отпадоци, со кое наводно пукал во автомобил во кој биле три лица. Полициските единици го заплениле оружјето и 27 куршуми, додека оштетениот автомобил бил однесен за преглед. Во полициската станица се идентификувани тројца мажи за кои постои сомневање дека биле во автомобилот во моментот на пукањето, се вели во полициското соопштение.

Како што се додава, по сослушувањето осомничениот е приведен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.