Мал спортски авион попладнево се урна кај Загреб, при што едно лице загина, а тројца ја преживеале несреќата, јави хрватскиот портал „24 сата“.

Авионот што се урна кај Загреб е лоциран, потврди хрватската полиција и соопшти дека се пружа помош на повредените.

„Денеска во 15 часот и 51 минути е добиена дојава за пад на мал спортски авион во шумата јужно од Керестинац. Полициски службеници излегле на терен и ја потврдиле точноста на пријавата. Се укажува помош на повредените, а местото на настанот е обезбедено“, соопшти хрватската полиција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.