Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во Србија на покана на претседателот Александар Вучиќ. Ова е негова втора посета кај нашиот северен сосед.

За време на престојот во Србија ќе бидат потпишани голем број договори , а главни теми на средбата меѓу двајцата шефови на држави треба да бидат Косово, купувањето на француските борбени авиони Рафале и церемонијалното завршување на работите за модернизација на аеродром „Никола Тесла“.

„Со искрениот пријател и партнер на Србија, Емануел Макрон, секогаш има многу важни теми за разговор. За време на оваа посета ќе ги разгледаме стратешките насоки за подобрување на нашата соработка“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Авионот со Макрон слета на белградскиот аеродром во 18:00 часот, каде што беше одржан прием . Потоа следеше церемонија за пречек пред палатата „Србија“ со воени почести, а потоа и заедничка средба на двајцата лидери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.