Францускиот претседател Емануел Макрон, во Лозана изјави дека тензијата на Косово сега е малку намалена и додаде оти не се плаши дека таму повторно ќе избувнат конфликти.
Ваквата изјава, Макрон ја даде во разговор со студентите на Универзитетот во Лозана заедно со швајцарскиот претседател Ален Берсе, Макрон, говорејќи за тензиите во Косово.
Макрон изрази надеж дека лидерите на различните страни ќе продолжат по мапата која е утврдена.
Зборувајќи за можно обновување на конфликтот, францускиот претседсател изјави дека е „загрижен, но дека не се плаши од обновување на конфликтот во Косово“.
Макрон нагласи дека сепак се плаши од етничките и верските конфликти кои се развиваат во другите делови на светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.