Францускиот претседател Емануел Макрон размислува да именува специјлаен претставник за Западниот Балкан, дознаваат косовски медиуми.
Како што пренесува Радио Телевизија Косово, специјалниот пратеник Франција се очекува да го именува во јули кога ќе заврши претседавањето со ЕУ.
Се уште не се знае кој ќе биде именуван, но според РТК, Макрон веќе се обратил до министерството за надворешни работи. Намерата на Макрон е да го засили своето влијание во регионот кое се виде и по тоа што токму тој го промовираше т.н француски предлог за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија.
Доколку и Франција именува свој „специјалец“ тој ќе биде петти специјален пратеник на големите сили.
ЕУ, САД, Германија и Велика Британија веќе имаат вакви кадри. Специјален претставник на ЕУ е Мирослав Лајчак и негов главен фокус се преговорите меѓу Србија и Косово. САД го имаат Габриел Ескобар, а Стујарт Пич е специјален пратеник на Велика Британија и тој минатата недела беше во Oхрид на средба со Пендаровски.
Од неодамна и Германија има свој човек за Балканот.Тоа е Мануел Зарацин.Тој има задача да работи на интеграцијата на земјите од регионот како и да им помогне во спроведувањето на реформите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.