Македонските државјани во Србија денеска гласаaт на претседателските избори. 31 граѓанин, запишани во посебниот извод на Избирачкиот список во македонската амбасада во Белград, од 07.00 до 19.00 часот го остваруваат своето граѓанско право за избор на нов претседател на државата, јави дописникот на МИА од Белград.
Гласањето на Избачкото место 5025 тече нормално, отворено е изутрина во 07 часот согласно законските прописи, а ќе се затвори во 19 часот. На ова избирачко место пријавени се 31 гласачи, изјави Емрије Мустафи, заменик претседател на ИО на Избирачко место бр. 5025 во Белград.
Македонските државјани во Србија и во дијаспората по трет пат гласаат на претседателските избори. Најмногу пријавени за гласање во Белград имаше на Претседателските избори во 2014 година кога гласаа 421 граѓанин. Во 2019 година имаше запишано 60 граѓани, а денес 31 граѓанин беа запишани во избирачкиот список во Македонската амбасада во Белград.
Од новиот претседател очекувам помош и подршка, заедно со Владата и Собранието да се донесе нов закон за дијаспората да може електронски граѓаните да се пријават и електронски да гласаат, изјави по гласањето Славе Груевски од Горњи Милановац.
Според изборните правила, гласачите со нивни податоци и фотографија во избирачкиот список на прстот беа обележани со невидлив УВ спреј, а пред влегувањето во просторијата беа проверувани со УВ-лампа. Можеше да се гласа, според изборните правила со новите пасоши и со лични карти со старото име на државата и неистечен рок на важност.
Македонците од Србија и од целата дијаспора можат да гласаат само на Претседатеслките избори, но не и на парламентарните избори, поради недоволен број на пријавени гласачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.