Во сообраќајна несреќа, што се случила утрово на патот Скадар-Коплик, во северниот дел на Албанија, македонски државјанин со своето возило усмртил пешак.
Лицето Е.И.(24) жител на Гостивар, Македонија со своето возило удрил во пешакот М.П.(77) од село Омарај, Голема Малесија. Како последица од здобиените повреди пешакот починал, соопшти полицијата.
Сообраќајната несреќа се случила околу 5:40 часот во близина на селото Омарај.
Возачот на автомобилот е приведен во Полицискиот комесаријат во Скадар. Увидот треба да ја утврди причината за несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.