Македонскиот државјанин Д.Л.(21) е еден од двајцата повредени во пукањето што се случи вечерва околу 19.40 часот во белградската населба Врачар, пренесуваат српските медиуми. Тој се здобил со две прострелни рани во грбот. Како што пренесува „Информер“, тој најверојатно бил случајно застрелан.
Престрелката се случила на аголот од улиците „Максим Горки“ и „Цар Николај“.
Ранет е 29-годишниот А.П.(29) кој веќе и е познат на полицијата поради бројни криминални дела. Станува збор за лице со 12 кривични пријави за дрога, оружје, разбојништво итн. по кое во тек била и потера за издржување затворска казна. Тој бил застрелан во ногата и е надвор од животна опасност.
Недалеку од местото каде што е застрелан А.П., полицијата го пронашла македонскиот државјанин. Се претпоставува дека биле ранети од истиот напаѓач, кој е во бегство.
Како што пренесуваат медиумите, се работи за момче од околу 20-21 година, висок 170 сантиметри и носи сив дуксер и фармерки. По пукањето побегнал кон Чубурски парк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.