41-годишен македонски државјанин е уапсен од страна на грчката полиција во Солун. Против него била распишана црвена потерница од Интерпол. Потерницата била издадена затоа што додека издржувал вкупно 14 години и 9 месеци затвор за измама, разбојништво, тешки телесни повреди и трговија со дрога, добил неколкудневно отсуство од затворот и не се вратил.
– 41-годишен странски државјанин приложил лажен идентитет. При полициската проверка е утврдено дека организирал и нелегално повторно влегување на свој сограѓанин во земјата. Интерпол против него издала црвена потерница бидејќи додека отслужувал вкупна затворска казна од 14 години и 9 месеци за измама, разбојништво, тешки телесни повреди и трговија со дрога, добил неколкудневно отсуство од затворот на соседната земја и не се вратил – соопшти Генералната полициска управа на Солун.
При извршените полициски проверки во текот на вчерашниот ден во Солун грчката полиција уапси вкупно седум лица за различни кривични и прекршочни дела, објавија грчките медиуми.
Уапсените ќе бидат спроведени до надлежните судски органи, а полициските проверки продолжуваат систематски и секојдневно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.