Еден маж загина, а уште еден е повреден во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат А3 Брегана-Липовац,во Хрватска на јужната коловозна лента. Известувањето за несреќата било примено во Центарот за оперативни комуникации на Полициската управа Брод-Посавина околу 19:10 часот.

24сата.хр , повикувајќи се на Томислав Ковачевиќ, полициски службеник за односи со јавноста на СВ Брод-Посавина, објави дека починатиот (51) бил државјанин на Македонија, кој бил сопатник во приватен автомобил со италијански регистарски таблички.

Другиот патник, кој е повреден во несреќата, исто така е македонски државјанин, а се наоѓал во автомобил кој излетал од патот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.