Шеесет и едногодишниот Г. С. од Врачев Гај кај Бела Црква е приведен поради сомнение дека го убил Македонецoт Б. П., кој бил во љубовна врска со неговата поранешна сопруга.
До несреќата дошло откако Македонецот со партнерката бил во посета на нејзина пријателка, која живеела во соседството на поранешниот сопруг.
Г. С. во еден момент го удрил Б. П. по што Македонецот паднал со главата на земјата и набргу потоа починал.
Како што пишуваат српските медиуми, Г. С. бил разведен повеќе од една година, а неговата поранешна сопруга се преселила во Македонија кај сега веќе убиениот Б. П.
На Г. С. му е одредена мерка притвор до 48 часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.