Македонски државјанин загинал во Црна Гора.

Мотоциклист, државјанин на Македонија, загинал во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска околу 15 часот на магистралниот пат Подгорица – Цетиње, во местото Каменица кај Подгорица, пишува „Вијести“.

Во несреќата учествувале два автомобила и мотоциклист, кој починал на самото место.

Според Полициската управа, починатиот живеел во Цетиње, се движел кон Подгорица, а на главата немал заштитна кацига.

Поради полициска истрага сообраќајот на автопатот од Подгорица кон Цетиње била во прекин, поради што се формирале колони од Подгорица кон Цетиње во двата правца.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.