Јавното обвинителство во Белград соопшти дека е почната истрага против мајката на малолетникот Коста, кој изврши масакр во училиштето „Владислав Рибникар“.

Обвинителството испратило барање до Полициското одделение на градот Белград за да се спроведе истрага бидејќи мајката на Коста е осомничена за кривично дело „запуштање и злоупотреба на малолетно лице“.

Градскиот центар за социјална работа треба да изврши дијагностичка проценка на функционирањето на семејството на Коста и потоа да го извести обвинителството.

Масакрот во училиштето се случи на 3 мај, кога Коста со огнено оружје уби девет ученици и припадник на обезбедувањето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.