Граѓаните повторно се собраа пред Собранието на град Тирана, каде се одржа нов протест со барање за оставка од градоначалникот Ерион Велиај, јавува „Vox News“.

Тензиите се зголемија по говорите на претставници и активисти на опозицијата.

Овој протест, според написите, започна со факели и молотови коктели.

Демонстрантите фрлаа молотови коктели кон влезот на градското собрание во Тирана, додека десетици полицајци стоеја пред нив.

Медиумот пренесува дека молотовите коктели не ги погодиле полицајците, туку експлодирале на влезните скали на Градското собрание.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.