Во Албанија минатата година e забележана највисока стапка на смртност досега, за што големо влијание имала пандемијата со Ковид-19.
Според Институтот за статистика, ИНСТАТ, во 2021 година починале 30.600 лица, што е за 2.900 повеќе споредено со претходната, додека, пак, во споредба со 2019 година, односно пред пандемијата, бројот на починати е повисок за повеќе од 8.600.
Гледано одделено по квартали, најголем број смртни случаи се регистрирани во периодот јануари-март 2021 година или над 10.200 во однос на над 9.600 во истиот квартал претходната година.
Од друга страна, продолжува падот на стапката на наталитет. Во минатата година статистиката зборува за над 3.700 новороденчиња помалку во споредба со 2020 година, бидејќи вкупниот број на раѓања паднал на 27.284.
Доколку се споредат бројките на почнати и новородени, произлегува дека минатата година регистрирани се 3.296 смртни случаи повеќе од новородени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.