Советот за безбедност на Косово одржа состанок по нападот што се случил рано утринава на северот на Косово во кој еден полицаец беше убиен, а друг е повреден.

Медиумите јавуваат дека во Косово дошол специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак. Претходно шефот на ЕУЛЕКС, Џовани Пјетро Барбано, пристигнал во полициската станица во Cеверна Митровица.

Според медиумите, повторно се слушаат истрели на северот на Косово и има размена на оган меѓу „српските криминални групи“ и косовската полиција.

Блокирани се сите приоди кон селото Бањска од правец на Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан. Како што дознава „Косово онлајн“, премините Јариње и Брњак се блокирани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.